Добивај вести на Viber
Гези е расчистен, протестите се уште продолжуваат. Во специјална опрема за разбивање на протести, со водени топови и солзавец полицијата ги растера демонстрантите од плоштадот Таксим и паркот Гези.
Акцијата е прв упад на полицијата во паркот Гези отако активистите подигнаа шатори и го претворија во национален симбол на отпорот.
Полицијата бескомпромисно влезе во Гези, и ги потисна демонстрантите.
До акцијата дојде откако претходно премиерот Ердоган упати последен повик за повлекување на демонстрабтите.
http://www.youtube.com/watch?v=wIoM4jLsSeg