13 Јули, 2020
0.0226

(ВИДЕО) Гневни демонстранти запалија полицаец во Мексико

Објавено во: Свет 05 Јуни, 2020

Демонстранти во Мексико запалија полицаец на протести за смртта на жртва на полициско насилство. 

Тие запалија полицаец за време на протест за смртта на „мексиканскиот Џорџ Флојд“, притвореник што починал веднаш по неговото апсење.

Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, покажува група полицајци со мотоцикли што се обидуваат да ги растераат демонстрантите.

Потоа, демонстрант со маска и очила за сонце истура бензин по грбот на еден од полицајците и го запалува.

Полицаецот паѓа од моторот, а неговите колеги и минувачите се обидуваат да му помогнат и да го изгаснат огнот. Протестите во Мексико почнаа по смртта на Џовани Лопез (30), кој беше уапсен недалеку од Гвадалахара.

Неколку часа по апсењето, тој е однесен од затвор во болница, каде што почина.

Се појави информација дека Лопез е уапсен затоа што не носел маска на јавно место, со што не ги почитувал мерките пропишани во борбата против коронавирусот. Но, властите ги негираа ваквите тврдења и околностите се истражуваат.

фото ЕПА


Можеби ќе ве интересира

Идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, тврди Бил Гејтс

Идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, тврди Бил Гејтс

Колку време трае имунитетот на коронавирусот?

Колку време трае имунитетот на коронавирусот?

Вакцина за коронавирусот нема да има до 2022?

Вакцина за коронавирусот нема да има до 2022?

Комесарот за економија на ЕУ: Се заканува колапс на еврозоната

Комесарот за економија на ЕУ: Се заканува колапс на еврозоната

Украинскиот авион соборен поради серија грешки

Украинскиот авион соборен поради серија грешки

ДАВА 2,6 ПАТИ ПОВЕЌЕ АНТИТЕЛА ОД ПРИРОДНИТЕ - доаѓа очекуваната Оксфорд вакцина

ДАВА 2,6 ПАТИ ПОВЕЌЕ АНТИТЕЛА ОД ПРИРОДНИТЕ - доаѓа очекуваната Оксфорд вакцина

ЌЕ БАЗИРА НА ГЕНЕТИКА: МОЖЕ ЛИ ВАКЦИНАТА ДА БИДЕ ГОТОВА ДО ЕСЕН - директорот на фармацевтската компанија е голем оптимист

ЌЕ БАЗИРА НА ГЕНЕТИКА: МОЖЕ ЛИ ВАКЦИНАТА ДА БИДЕ ГОТОВА ДО ЕСЕН - директорот на фармацевтската компанија е голем оптимист

ЕВЕ КОИ ЗЕМЈИ НАЈДОБРО СЕ БОРЕА - но короната се враќа и не се знае кога ќе замине

ЕВЕ КОИ ЗЕМЈИ НАЈДОБРО СЕ БОРЕА - но короната се враќа и не се знае кога ќе замине

Ердоган нема да чека долго, на 24 јули во Аја Софија почнуваат молитвите

Ердоган нема да чека долго, на 24 јули во Аја Софија почнуваат молитвите