(ВИДЕО) ГО ПОСЕТУВААТ ЛУЃЕ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ: Град со 35 жители е вистинска атракција
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2019
Град со 35 жители стана атракција и го посетуваат луѓе од целиот свет.
Во Акармара во Русија, некогаш живееле повеќе од 5.000 жители, додека регионот броел повеќе од 400.000 луѓе, а сега има само 35.
Од големиот број семејства кои живееле во Акармара, денес таму живее само едно. Зградите се напуштени, обраснати со трева.
Во летниот период жителите често ги шетаат туристите низ градот и ја прераскажуваат неговата историја. Се организираат забави на кои присуствуваат жителите и туристите.
Жителите на Акармара се раселија поради неисплативост на индустријата за јаглен, кога падна СССР. Грузиските сили често го опседнувале градот на почетокот на деведесеттите, пренесе BBC.
Порано имало идејата Акармара да се претвори во ресорт кој може да биде „временска капсула“ за да се зголеми туризмот и да се покаже како изгледал градот во советските седумдесетти години. Сепак, идејата пропадна затоа што се потребни многу пари, а ни Абхазија не е призната како република, и нема можности овој план да го реализира.