(ВИДЕО) Го „проголта“ улица додека чекаше тролејбус
Објавено во: Свет 19 Март, 2017
Маж на возраст од 51 година доживеа шок, затоа што додека чекал тролејбус се отвори дупка длабока 6 метри.
Несреќата се случила во местото Јарославл, на 250 км од Москва.
На видео снимката од безбедносните камери се гледа како човекот доаѓа на станица и за неколку секунди го снемува тлото под неговите нозе.
Полицијата и минувачите му помогнале на човекот да излезе. Оттука е однесен во болница каде е прегледан и е констатирано дека нема сериозни повреди.
Утврдено е дека тлото се срушило затоа што долу пукнала цевка и го однела сиот материјал. Наскоро улицата ќе се санира. Инаку руските улици се познати по лошиот квалитет. Неодамна во Владивосток се отвори дупка од 15 метри.