(ВИДЕО) ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИЦИТЕ: Имаа 18.000, а денес се три пати помалку
Објавено во: Свет 06 Јуни, 2019
Во 2008 година во Финска е покренат проект „Прво покрив над главата“, со што бројот на бездомници се намалил за 35%.
За само три децении, земјата успеа од 18.000 бројот на бездомници да го сведе на 6.000.
Финска е една од ретките земји во Европската Унија која има вакви резултати, и тоа е благодарение на државните мерки.
Кој било да нема покрив нас главата во Финска ќе го добие без никакви посебни услови и на терет на државата.
Но, бедомниците мора да плаќаат станарина и за тоа треба да побараат државна субвенција.
Од станот нема да бидат истерани и тоа ќе им биде постојан дом.