(ВИДЕО) Го сакам Водно: Багерите активирани на празник
Објавено во: Економија 11 Октомври, 2018
Од еко-групата „Го сакам Водно“, поради која беше сопрено трасирањето на гасоводот на скопската планина заради дебата со градските власти, попладнево објави видео со кое тврди дека механизацијата повторно е активирана и тоа на денот на националниот празник.
„И покрај сите ветувања дека нема да се продолжи со копање на Водно додека траат преговорите и консултациите и се водат постапки преку државните институции, денес на државен празник, подмукло каква што е и целата постапка повторно се отпочна со работа...СРАМНО!“, беше напишано на ФБ-профилот на групата.