(ВИДЕО) Големи пожари, се евакуираат цели села во две земји
Објавено во: Свет 11 Август, 2019
Пожари беснеат во Шпанија и Грција, се евакуираат села и кампови.
Околу 1.000 луѓе се евакуирани од неколку градови на Гран Канарија откако пожарот почнал да се шири кон Националниот парк и популарна туристичка дестинација на шпанскиот остров, соопшти пожарникарската служба, а неколку шумски пожари за време на викендот избија и во Грција.
Пожарникарите го гасат пожарот со авиони и хеликоптери на нешто повеќе од 300 километри од главниот град Лас Палмас.
Пожарот се шири кон неколку градови и кон националниот парк Тамадаба на западниот дел на островот, соопштија властите на Твитер.
Полицијата верува дека пожарот е предизвикан од користење алат, поради што во саботата бил приведен 55-годишен маж.