(ВИДЕО) Гори и во најпознатото турско одморалиште
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2021
Пожари беснеат и на најпознатото турско одморалиште.
Неколку шумски пожари избија во Анталија, популарна туристичка дестинација во Турција, а ветровите го носат пламенот во насока на населени области, изјави локален претставник за турската Си-ен-ен. Мустафа Јигит, службеник на градот Манавгат, вели дека три градски области биле евакуирани.
Две села изгореле во пожар во Анталија во Турција, а луѓето се евакуирани.