(ВИДЕО) ГОРИ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Илјадници луѓе ги напуштија своите домови
Објавено во: Свет 19 Август, 2019
Шумски пожар на Гран Канарија доведе до евакуација на илјадници луѓе.
Околу 8000 луѓе се евакуирани од Гран Канарија на Канарските острови во Шпанија, a пожарникарите се борат со шумски пожар кој зафати повеќе од 3.400 хектари земја.
Над 700 пожарникари, 11 хеликоптери и пет авиони се на терен.
Шефот на владата на Канарските Острови, Ангел Виктор Торес за пожарот вели дека е незапирлив и дека претставува еколошка катастрофа.