(ВИДЕО) ГОРИ НА САРДИНИЈА: Огнот опколи неколку градови и села
Објавено во: Свет 25 Јули, 2021
Беснеат пожари во Италија.
Повеќе од 400 луѓе се евакуирани во северниот дел на островот Сардинија. Огнот се шири околу неколку градови и села. Властите веруваат дека пожарот е подметнат.
„Единаесет авиони се вклучени во гаснењето, најголем дел се во областа Ористано, каде што ситуацијата е најкритична. Пожарот досега зафати површина од 10.000 хектари“, изјави шефот на цивилната заштита на Сардинија, Антонио Белој.
Некои од луѓето утрово се вратија во своите домови, додека огнот се движи кон брегот. Градоначалниците на неколку градови изразија загриженост поради пожарите.
„Ова е катастрофа. Се плашиме од најлошото“, вели градоначалникот на Санту Лусурџу, Диего Лои.