(ВИДЕО) ГРАД КОЈ ПОВЕЌЕ ГО НЕМА: Се изгорено до темел-Калифорнија се бори со последици од пожарите
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2018
Бројот на жртви во најпогубниот пожар во историјата на Калифорнија порасна на 56 додека 130 луѓе и понатаму се водат како исчезнати во огнената стихија која веќе недела дена беснее во таа сојузна држава.
Властите соопштија дека се најдени уште осум тела, со што трагичниот биланс на настрадани се зголемил на 56, а полицијата објави ревидирана листа од 130 лица кои нивните најблиски ги пријавиле како исчезнати бидејќи минатиот четврток пламен го зафатил Парадајс, околу 175 км северно од Сан Франциско.
Трупите на Националната гарда се придружиле во пребарувањето на овој скоро целосно изгорен град на северот од Калифорнија, пренесе Ројтерс.
Повеќето личности на листата исчезнати се постари од 65 години.
Речиси 8 900 куќи и други градежни објекти изгореле до темел во Парадајс и неговата околина додека за околу 50 000 луѓе во таа област и понатаму е на сила налогот за евакуација.
FOTO: AP