(ВИДЕО) Град со големина на јаболко паѓаше во Словенија и Австрија
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2020
Силно невреме имаше во Словенија и Австрија, при што паѓаше град со големина на јаболко.
Во Словенија имало и поплави, а оштетени се многу покриви.
Возачите на автомобилите синоќа бараа заштита под надвозниците во некои области.
Пожарникарите добиле голем број повици за помош.
Невремето ја погоди и Стирија, во Австрија, каде грмотевици беснееја цела ноќ, а градот направи голема штета. Имало околу 33.000 удари од гром, а 850 пожарникари биле на терен.
Околу 5.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Досега на Балканот паѓал град со големина на град, но ова е реткост.