(ВИДЕО) Градоначалник постави шатор и штрајкува со глад поради ковид мерките
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2022
Oтпор против ковид мерките демонстрираше градоначалникот на Месина, град на Сицилија, Катено фе Лула.
Тој денеска почна штрајк со глад против владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. За викендот градоначалникот поставил шатор во пристаништето во градот и оттогаш е во него. Целта му е симболично да го блокира преминот на Месина, кој се наоѓа меѓу Сицилија и италијанското копно.
Де Лука, водач на регионалното движење „Сицилија вера“, протестира против правилото дека само вакцинирани луѓе и оние што ја преживеале короната може да дојдат на островот и да го напуштат било со брод или со авион.
Тој вчера поднесе оставка од функцијата градоначалник, а таа стапува во сила во февруари. Правилото за вакцинација сега важи за хотели, конгресни центри, ресторани, скијачки центри и локалниот и друг сообраќај, како што се траектите. Над 140.000 Италијанци досега починаа од коронавирусот.