(ВИДЕО) Жители на Сиднеј соборија напаѓач кој викал „Еден е Алах“
Објавено во: Свет 13 Август, 2019
Граѓани во австралискиот град Сиднеј го спречија налетот на вооружен напаѓач.
Вооружен маж денес е уапсен во централниот ден на Сиднеј, Австралија, откако со нож прободе една жена. Брзата и реакција на граѓаните кои се најдоа во близина на инцидентот спречи нови жртви и повредени кои се наоѓаа во околината на случувањата.
Уште една жена е пронајдена мртва во стан на истата улица на која се случи немилиот настан.
Поради извиците „Еден е Алах“ при нападите, полицијата во Сиднеј се сомнева дека напаѓачот имал некои идеолошки поврзувања со тероризмот, но немал конкретна поврзаност со некои терористички организации. Се верува дека сега уапсениот напаѓач поседувал снимки од масовни убиства во Нов Зеланд и во САД.
Повредената жена сега е во стабилна состојба.