(ВИДЕО) Граната им помина над глава на новинари во Нагорно - Карабах
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2020
Граната им помина над глава на новинари во регионот Нагорно - Карабах, каде ерменските и азербјеџанските сили војуваат од 27 септември.
Новинарска екипа на „Euronews” за малку ќе настрадаше додека известуваше од Нагорно-Карабах на Кавказот.
Над возилото во кое беа новинарите прелета граната испукана од ерменските позиции. Новинарите не се повредени, а нивниот џип претрпел мали оштетувања.
Досега во регионот загинале повеќе од илјада војници.
Во војната се вклучи и сопругата на ерменскиот премиер, Ана Хакобјан.