20 Април, 2024
0.0306

(ВИДЕО) Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради турските „провокативни делувања“

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Нови тензии има меѓу Грција и Турција. 

Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради турските „провокативни делувања“ во источниот Медитеран, објави грчкиот весник „Катимерини“.

И покрај повиците на Европската унија да се сопре барањето на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на подготвеност за да се спречи евентуална ескалација. 

Клучно прашање во Атина е како да се реагира во случај Турција да направи истражувања во внатрешноста на, според тврдењата на официјална Грција, грчкиот континентален појас.

„Плановите првенствено се засноваат на маневрите на грчката воена морнарица, затоа што Турција користи истражувачки бродови за да го утврди своето присуство во регионот, меѓутоа и грчкото воено воздухопловство би имало улога во секој одговор“, пишува грчкиот весник.

Турските власти ја предупредија Европската унија дека секое мешање на Брисел во врска со ексклузивната економска зона околу Кипар, негативно ќе влијае на односите помеѓу Атина и Анкара, како и на решавањето на проблемот околу Северен Кипар.

Предупредувањето е испратено на адреса на 27 земји членки на Европската унија, освен на властите на Кипар кои официјална Анкара не ги признава.

Турските власти сметаат дека Европската унија треба да биде мудра и да не биде судија околу морските граници.

Турција тврди дека тој дел од ексклузивната економска зона се наоѓа во турскиот континентален појас. Официјална Анкара ги повторува своите ставови за еднаквите права помеѓу грчките и турските жители на Кипар и смета дека најдоброто решение е во креирање на мешовити комисии со претстаавници на двете страни.

Во спротивно, Турција е одлучна да ги заштити правата на турските ресурси во таа област, додава грчки „Катимерини“.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?