(ВИДЕО) Грци го бркаа заменик-спикерот во Мелбурн поради Преспанскиот договор
Објавено во: Свет 24 Март, 2019
Претставникот на грчката влада, пратеник на СИРИЗА и заменик-претседател на грчкиот парламент, Џорџ Ваременос, беше набркан од толпа грчки емигранти во Мелбурн. Откако со силни извици не му дозволија да се обрати по повод националниот празник 25 Март, тој со придружба на полицијата беше изнесен од комплексот каде што го започна говорот.
Дел од публиката му упати канонада од сериозни обвинувања за Преспанскиот договор. Некои луѓе почнаа да викаат "Грција, Грција Македонија" , а Ваременос го нарекуваа „предавник“.
Фрлени биле и две шишиња во правец кон Ваременос во моментот кога неговиот говор беше многу тешко да се слушне поради слоганите.
Еден ден претходно грчки иселеници не му дозволија на пратеник на СИРИЗА и генералниот конзул Димитрис Михалопулос да присуствуваат на настанот за 60-годишнината од основањето на Памфесионалното братство во Мелбурн.