(ВИДЕО) ГРЦИЈА ТАГУВА: Уште една жртва однесоа „библиските поплави“
Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2017
Жртвите од поплавите и од свлечишта на земјиштето предизвикани од бурата Евридика во Грција пораснаа на 19.
Ова утро, спасувачките екипи го пронајдоа телото на еден човек во една од најстрашните области на катастрофата - градот Мандра во Атика. Сеуште е нејасно дали човекот е меѓу шестемина исчезнати, кои спасувачките тимови ги бараат.
Грција е во тридневна жалост по најжестоката поплава таму во текот на изминатите 20 години.
Околу 1.500 згради се оштетени во катастрофата. Еден од факторите што придонесоа за трагедијата е илегалната градба, објаснуваат локлани медиуми.
Новиот медитерански циклон, Зено, се упати кон Грција, а лошите временски услови ќе продолжат и во наредните денови.