(ВИДЕО) ГРЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Повредените завршија во болница
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2019
Протести во Грција се одржуваат против Договорот од Преспа, при што има повредени.
Повредени се четворица полицајци и еден демонстрант во грчкиот град Птолемаида, објавија грчките медиуми.
„Македонија е грчка”, „Ципрас, предавнику” извикувале насобраните граѓани, објавуваат локалните медиуми.
До судир помеѓу полицијата и демонтрантите дошло додека грчката министерка за цивилна заштита, Олга Геровасили, присуствувала на состанок во градот.
Полицијата употребила солзавец, а повредените се префрлени во болница.
Министерката за цивилна заштита на нејзиниот официјален фејсбук-профил напиша дека на поканата на радикалните десничари се огласиле само 15 лица и пратеникот од Златна зора, Христос Папас. Таа вели дека луѓето им свртеа грб на нив, насилството и нетолеранцијата.