(ВИДЕО) Гром уби туристи на планински врв во Полска
Објавено во: Свет 22 Август, 2019
Најмалку тројца луѓе се загинати во невремето кое ја зафати Полска.
Се работи зз група туристи кои се движеле на врвот Гевонт, кога во нив удрил гром.
На Гевонт во 1901 година е поставен железен крст со висина од 15 метри, кој привлекува громови.
Други 22 лица се повредени во невремето кое денеска го зафати планинскиот венец Татри на границата со Словачка. Едно лице загина на словачката страна на Татрите.
Спасувачи се обидуваат да спасат две лица кои се заглавени во пештера на Татрите во полскиот дел. Излезот на пештерата е поплавен.