19 Април, 2024
0.0493

(ВИДЕО) Груби ли ги пушти „грубите“ Шверцери во МНТ

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Уште не стивнуваат реакциите за прославата на навивачката група „Шверцери“ во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот народен театар.

Станува збор за навивачка група на фудбалскиот клуб „Шкупи“, кој прослави 30 годишен јубилеј. Според дел од јавноста, тоа е необично место за прослава на навивачка група, па се поставуваат прашања зошто Министерството за култура не се спротивставило на ваквата намера. 

А видеото што ги вознемири духовите во јавноста, изгледа вака.


А реакциите се дотолку поголеми и поради фактот што новата зграда на Македонскиот народен театар, е вредна 40 мииони евра. Тоа е објект во кој треба да се промовира културата и уметноста, а не примитивизам, како што велат критичарите на овој настан. 

Фотографии и снимка од таа прослава покажуваат дека навивачите се качуваат по столчиња, скокаат, а имало и навредливи скандирања.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, побара оставка од директорката на Македонскиот народен театар, министерот за култура и одговорност од Зоран Заев, нарекувајќи го премиерот во заминување.

„Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери…“

На настанот, пак, беа присутни и фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, но и високи функционери од владејачката ДУИ, меѓу кои поранешниот и сегашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити и Висар Ганиу, како и пратеникот Артан Груби, кој своевремено бил дел од навивачката група.

„Честитки пријатели, драго ми е што преживеавме три децении во толку многу проблеми“, напиша Груби на фејсбук.

А како што пишува порталот СДК, искинат тапацир на столчињата во Македонскиот народен театар и откорнати орнаменти од ѕидовите е штетата по присуството на навивачката група Шверцери на Фудбалскиот клуб Шкупи, на петочната прослава на 22 Ноември – Денот на албанската азбука. 

Директорката на најголемиот театар во државава, Симона Угриновска, за порталот изјавила дека во моментов е во консултација со Владата и со правниците и случајот во текот на денот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи.

„Прославата беше во организација на Владата, и ми беше кажано дека ќе има два настана. За првиот официјален дел, свечената академија, на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бев во координација со портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. За вториот настан, координатор беше Артан Груби и тој ми кажа дека ќе има само проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери“, вели Угриновска за САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Груби е пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Фактор во моментов не може да го добие Груби на телефон за да го пренесеме неговиот став, штом го добиеме, ќе го пренесеме.

„Срце ме боли за театарот. Зар мислите дека јас, која имам вратено долг на театарот од 120 илјади евра, ќе дозволам влез на навивачки групи и вакво однесување“, рекла Угриновска.

А како што пишува Плусинфо, од Министерството за култура велат дека воопшто не знаеле дека Шверцерите ќе бидат таму.

Оттаму, исто така, го осудија однесувањето на Шверцерите.

„Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група“, соопштија од Министерството.

Според соопштението на Култура, настанот бил пријавен, бидејќи настанот за кој се кренаа лавина реакција поради однесувањето на навивачите бил токму најавената проекција на документарен филм.



Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо