16 Април, 2024
0.1101

(ВИДЕО) Хакери од Македонија празнеле банкарски картички во Канада!

Објавено во: Економија 03 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Десетина хакери од Скопје, Штип и Прилеп се уапсени под обвинение дека краделе податоци и празнеле банкарски сметки, соопшти Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал при МВР. Еден од осомничените е во бегство и за него е распишана потерница. Члленовите на хакерската група, сите на возраст меѓу 21 и 33 години, користеле софистицирана компјутерска измама „фишинг“ за да ги откријат тајните податоци на банкарските клиенти, а потоа им ги празнеле сметките. Нивните жртви најчесто биле од Канада. Групата работела веќе подолго време, а нејзини организатори биле три лица - Р.П. (32) од Прилеп, З.М. (28) од Штип, П.П. (30) од Прилеп. Р.П, и З.М. биле задолжени да креираат лажни интернет страници, идентични на оргиналните, со полиња за оставање на банкарски податоци од страна на корисниците. Страниците биле хостирани во странство и до жртвите се испраќале преку електронска пошта, во пораки кои изгледале идентично на оргиналните, со цел да се предизвика забуна. Измамените клиенти, кои мислеле дека вршат плаќање преку легитимен сајт, оставале податоци за својата банкарска картичка и наскоро си ја наоѓале сметката испразнета. Хакерите ги користеле податоците за преку сервисите за испраќање пари да си пратат пари на себе или на останатите членови на групата. Парите ги подигале во експозитури во земјава, а во последно време и во Косово. На овој начин организираната криминална група се стекнала со имотна корист од 95.609 американски долари и 99.000 евра, соопштува МВР. При претресите во акцијата „Компас“, кај првообвинетиот бил пронајден и гасен пиштол кој го поседувал без дозвола, а кај неколкумина и тревкаста материја (најверојатно марихуана) заради што ќе заработат и дополнителни пријави. Еве како изгледаше полициската акција: http://www.youtube.com/watch?v=tYzmYOGJ0x0  

Можеби ќе ве интересира

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери