(ВИДЕО) ХАОС ВО ИТАЛИЈА: Невреме однесе два животи
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2019
Силно невреме ја погоди северна Италија, при што има две жртви, а две постари лица се исчезнати.
Невремето го попречило сообраќајот, предизвикани се големи материјални штети, а многу училишта се затворени.
Загинал таксист чие возило го однела водата откако реката се излеала од коритото во провинцијата Алесандрија. Во возилото имало уште едно лице, но тоа преживеало.
Починал и 81-годишен пензионер, кога неговото возило се лизнало од автопатот кај Торино. Неговата сопруга е повредена.