(ВИДЕО) ХАОТИЧНИ СЛИКИ ОД ПАРИЗ: Славењето на Мундијалот во Франција зема две жртви
Објавено во: Свет 16 Јули, 2018
Славењето на улиците на Париз , откако Франција го освои првото место на Светското првенство во фудбал во Русија, се претвори во нереди и судири со полицијата, јавија светските медиуми.
Агенцијата Асошиејтед прес јавува за двајца загинати навивачи додека траеше славењето на улиците во Париз за освојувањето на светската титула против Хрватска.
Социјалните мрежи се преполни од видеа и слики од кои светот се згрози а насекаде се гледаат превртени автомобили, искрешени продавници, шишиња ...
Како што наведуваат медиумите во судирите со навивачите француската полиција морала да употреби солзавец, гумени курушми и водени топови. Ангажирани биле и специјални полициски возила, се забележува од видеата,
Два животи завршија кобно. Еден навивач во градот Анеси од радост скокнал во канал, но го скршил вратот и починал на лице место, додека пак друг француски навивач во Сен-Феликс удрил со својот автомобил во дрво и го загубил животот.
Paris celebrations marred by violence after #WorldCup final win pic.twitter.com/ceNa0GfZwC
— Ruptly (@Ruptly) July 16, 2018
Извор, фото, видео: AP, Ruply