(ВИДЕО) Харадинај пукаше на прослава во Дечани
Објавено во: Балкан 12 Август, 2019
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај е виден во јуни оваа година за забава во општина Дечани на која се пукало со огнено оружје.
Како што пишува порталот Лајми.нет покрај Харадинај и неговиот брат Даут Харадинај пукале на прославата. Ова се случило на 16. јуни оваа година.
Неименуваниот избор на приштинскиот портал рекол дека за време на прославата биле испукани над илјада куршуми и дека оружјето кое се користело било од нелегално потекло.
Порталот Лајми.нет пренесува дека Харадинај немал оружје на појасот, но наводно земал револвер од луѓето кои биле на прославата и запукал.
На снимката на порталот Лајми.нет се гледа како една личност пука од автоматска пушка АК47 и наводно никој од лицата кои пукале не е приведен.