(ВИДЕО) ХЕЛИКОПТЕРИ НА ПОМОШ: Хорорна експлозија во Париз со четири жртви
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2019
Четири лица загинале денеска во експлозија на гас во Париз, пренесуваат светските агенции.
Претходно е објавено дека се повредени 36 лица, од кои 12 се во критична состојба. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане рекол за Ројтерс дека состојбата сега е под контрола.
Експлозијата се случила во една пекара а се верува дека ја предизвикало течењето на гас. По експлозијата следел и пожар а била толку силна што ја разнела пекарата но и стакла на објектите и зградите оддалечени стотици метри.
Близу местото на експлозијата слетале и два хеликоптери за да помогнат во евакуација на загрозените. На гранцуските ТВ станици се емитувани снимки од возила на итната помош и други служби кои стигнале на лице место, а полицијата ги советувала граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.