(ВИДЕО) ХИЛАРИ КЛИНТОН ВО ИНДИЈА: Како се спаси да не падне по скали?
Објавено во: Свет 13 Март, 2018
Поранешната прва дама на САД, државна секретарка и демократски кандидат на минатите претседателски избори, Хилари Клинтон, која овие денови е во Индија каде ја промовира новата книга „Што се случило“, за малку ќе паднеше по скали.
Таа симнувајќи се низ скалите во Индија, два пати се лизнала, а нејзините телохранители цврсто ја држеа за двете раце.
Видеото од незгодата секако веднаш стана хит на интернет. Несмасната Хилари после второто лизгање одлучила да ги соблече сандалите и да продолжи боса.