(ВИДЕО) ХОРОР: Го снимил моментот кога се случила авионска несреќа
Објавено во: Свет 19 Јули, 2018
На социјалните мрежи се појави снимка од авионската несреќа која се случи во Преторија во Јужна Африка.
Снимката ја направил патник во авионот, и од неа се гледа колку било страшно внатре додека паѓал авионот.
Во несреќата од 10 јули загина еден човек, а повредени беа 20 луѓе.
Причината на несреќата не е позната. Патникот ги снимил последните моменти пред авионот да падне на земја.
Се гледа дека авионот се тресе, а од моторот излегува оган.
Се гледаат куќи додека авионот паѓа, а потоа се слуша експлозија и настанува мрак.