(Видео) Хорор-прослава: Виселе осум часа на 50-метри висина во француски Рен
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2019
Осум души наместо во забава, новогодишната ноќ им се претвори во пекол во луна-паркот во севорозападниот француски град Рен. Во часовите кога календарски 2018-та преминуваше во 2019-та тие останале заглавени осум часа на висиона од 50 метри откако се заглавил реквизитот „панорамска вртелешка“ кој ги забавува гостите така што мошне брзо се симнува и ја враќа кошницата повторно назад..
По неуспешните обиди да се најде начин како да бидат симнати преку столбот, во акцијата се вклучил хеликоптер.
Од осумтемина несреќни посетители, дури пет биле деца на возраст од 13 до 17 години.
Сопственикот на објектот за француските медиуми рекол дека се работело за техничка неисправност.