(ВИДЕО) ХРВАТСКА ЗАВЕАНА: Се формира снежна покривка над 15 сантиметри
Објавено во: Балкан 02 Декември, 2020
Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.
Загреб е затрупан со снег доцна попладнето. Метеоролозите очекуваат снегот да паѓа до раните утрински часови.
Хрватските патишта (ХАЦ) ги повикале возачите да го прилагодат возењето според временските услови, особено затоа што многу патишта сè уште не се исчистени. ХАЦ наведува дека тоа ќе се направи само кога снегот ќе престане да паѓа.
Колона долга 5 километри се создаде на автопатот А1 во правец на Загреб.Најмногу снег паѓа во Лика и Горски Котор. Таму, дебелината на покривката изнесува дури и над 15 сантиметри.
Снег има и во ски центрите во Босна и Херцеговина.