(ВИДЕО) ИМА ЧЕТИРИ ДЕЦА И БИЛ АРМИСКИ ВОЈНИК: Детали за шеикот кој делеше подароци во БиХ
Објавено во: Свет 31 Октомври, 2019
Шеикот кој на луѓето во Дервента, БиХ им делел пари, часовници и телефони е брат на шеикот Сауд Бин Сакр Ал Кашими, владетел на моментално четвртиот по големина Емират, Рас Ал Хајм. Тој е татко на четири деца.
Талиб Бин Сакр Ал Кашими е седмиот син на шеикот Сакр Бин Мухамед Ал Кашими, најдолговечниот лидер на Рас Ал Хајм, една од шесте владејачки династии во Обединетите Арапски Емирати. Сепак, тој ја одбил титулата „негово височевство“ и сака луѓето да му се обраќаат со изговарање на неговото име.
Талиб се приклучил на војската на Обединетите Арапски Емирати кога имал 18 години. Потоа бил и во полициската служба на Рас Ал Хајм каде што се задржал 17 години.Во својата резиденција имал многу животни кои биле спасени од црниот пазар, а во 2014-та година ја создал и првата зоолошка градина во Рас Ал Хајм. Не е исклучена можноста тој да донесе инвеститори во БиХ.