29 Септември, 2024
0.0354

(ВИДЕО) Има ли кој да ги контролира злоупотребите на инспекторите?

Објавено во: Македонија 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Самостојното дејствување на инспекторите доведува кон ризик за несовесно работење, што беше и докажано со судски пресуди. Илустративен е случајот од октомври 2015 година, кога Министертсвото за ватрешни работи спроведе акција во рамките на Оперативната обработка „Зелено“ до Основното јавно обвинителство  – Скопје и поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и примање поткуп против 16 лица. Од нив седум службени лица се вработени во Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина, како и деветмина сопственици, управители или овластени лица во компании.

Еден од во меѓувреме осудените кој што сакаше да остане анонимен,чиј идентитет е познат на редакцијата на Канал 77,  доставува пресуда која е донесена две години откако беше изречен казнен налог за обвинетите по налог на ОЈО Скопје. Пресудата е од месец февруари 2017 година, од Основниот суд Скопје 1 Скопје, од страна на судијката Џенета Бектовиќ.

Државните службеници и диркеторот добиваат условно изречени казни за делото„Несовесно работење во службата“ од чл.353-в од Кривичниот законик,со која им се утврдува казна затвор во траење од три месеци и истовремено им определува дека утврдената казна нема да ја извршат доколку обвинетите за временски период од две години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело и парична казна од 300 до 2.500 евра во денарска противвредност.

Делото „Несовесно работење во службата“, се смета за ризик од корупција на ниво на области, кои хоризонтално се протегат низ јавниот сектор како што е и инспекцискиот надзор и ризик на секторско/ресорско ниво на јавниот систем во кој спаѓа и заштитата на животна средина.

Дел од осудените лицата во овој предмет остануваат да работат на работна позиција во институциите и тоа на позиции каде што ја имаат направена констатираната злоупотреба од судот. Со исклучок на директорот на Управата,  кој е прераспределен во друга институција, На инспекторката од Државниот инспекторат за животна средина и’ е врачен отказ.

Од Министертсвото за животна средина ни потврдија дека луѓето на кои им се судеше  злоупотребана службена положба, се редовно вработени.

Повеќе детали може да прочитате на ММС.мк , а гледајте и слушајте во емисијата „Стадион“ на Канал 77 в сабота во 10.00 часот.


Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки