(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ: Прозорец испадна откако авион полета
Објавено во: Свет 25 Април, 2018
Необична несреќа се случила во авион на компанијата „Ер Индија“, пренесоа светските медиуми.
Веднаш по полетувањето од Њу Делхи, авионот влегол во турбуленции, при што испаднал внатрешниот прозорец покрај седиштето 18-A. Поради опасноста од декомпресија, пред седиштата на патниците испаднале неколку маски за кислород. Надворешниот прозорец останал во своето лежиште, и затоа е избегната голема несреќа.
Патниците што не биле врзани за седиштата во паника веднаш скокнале од своите места, при што тројца се повредени. Еден патник удрил со главата во плафонот над своето седиште, притоа добивајќи полесни повреди. Сепак, пилотот решил да го заврши летот без принудно слетување, а повредените добиле лекарска помош во авионот.