(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ: Хрватскиот премиер Пленковиќ тргна да се тепа со пратеник
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2019
Инцидент денеска се случи во хрватското Собрание.
Се работеше за прашањето за поглавјата кои Србија ги отвора во пристапните преговори со ЕУ. Ова несогласување за малку не заврши со тепачка во хрватското Собрание помеѓу пратеникот од опозициската партија Мост, Никола Грмоја и премиерот Андреј Пленковиќ. Премиерот на обвинувањата му рече на пратеникот дека е јаден, а овој му врати дека работи за српски интереси и дека е нервозен затоа што тоа му го кажува.