25 Април, 2024
0.0274

(ВИДЕО) Инцидент се случи во Ерусалим при погребот на познатата палестинска новинарка Ширин Абу Акле

Објавено во: Свет 14 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Инцидент се случи во Ерусалим. Илјадници луѓе се собрале на улиците на Ерусалим за да присуствуваат на погребот на познатата палестинска новинарка Ширин Абу Акле, која е убиена во средата додека известувала за воената рација во градот Џенин на Западниот брег. 

Израелската полиција употребила солзавец и пендреци поради што на кратко луѓето го  испуштија ковчегот, пренесува CNN.

Стотици луѓе пред погребот се собрале пред болницата Праведен Јосиф во источниот дел на Ерусалим, каде се наоѓало телото на Абу Акле. Муслиманите имале молитва во петокот, а ожалостените извикувале „пешки, пешки", барајќи ковчегот со новинарката да се пренесе пешки од болницата до Грчката православна црква.

Ожалостените го изнеле ковчегот на Абу Акле од болницата, но израелската полиција ги натерала телото да го пренесат со автомобил.

Европската унија ја осуди „прекумерната употреба на сила и непочитувањето на израелската поција кон учесниците на погребната поворка“, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Белата куќа порача дека е „крајно вознемирена“ од снимките од погребот на Абу Акле. Вчера американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се истражи смртта на новинарката. 


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина