(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ГРЦИЈА: На „скопјанецот“ Димитров му порача дека „Македонија е грчка“
Објавено во: Балкан 15 Март, 2019
Инцидент имаше денеска во грчкиот парламент, при средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна Зора, Илиас Касидиарис, е спречен да влезе во канцеларијата.
„Македонија е грчка“, викал тој додавајќи дека и скопјанецот требало да чуе.
Снимката лично тој ја постави на Јутјуб.
Пред почетокот на состанокот во обраќање до медиумите, Вуцис и Димитров говореа за важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за двата народи. Договорот од Преспа го отвори патот кон пријателството, сојузништвото и сработката.
„Горд сум што имав улога во историското помирување“, кажа Димитров.
Тој е во дводневна работна посета на Атина.