(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Макрон евакуиран од театар поради демонстранти

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2020
Францускиот претседател, Емануел Макрон поради демонстрации е евакуиран од една театарската сала во Париз.
Триесет демонстранти синоќа се обидоа да влезат во театарот „Буфе ди Норд“ каде Макрон следеше претстава. Демонстрантите беа спречени од полиција, а Макрон беше евакуиран, јави дописникот на МИА.
Макрон присуствуваше на претставата „Ла Муш“ заедно со сопругата Брижит. Откако на Твитер беше најавено присуството на франускиот претседател, пред театарот се пристигнаа демонстрантите кои извикуваа „Сите заедно, генерален штрајк“.
Последниот настан, сведочи за радикализација на демонстрантите против пензиската реформа.
Видеото можете да го погледнете овде.
Во декември лани, Французите излегоа на протести против пензиската реформа.
Реформата е клучна за визијата на Макрон за трансформација на француската економија.
Можеби ќе ве интересира
Во Прага животни во зоолошка се заразени со коронавирусот

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ: Италија ги враќа рестрикциите

За Париз се бара затворање за период од три недели

Кои се земјите каде нема починати од коронавирусот?

Поради еден заразен цел град во Нов Зеланд оди во карантин

Која вакцина може да не заштити од јужноафриканскиот сој?

Европските лидери сепак навиваат за воведување здравствени пасоши

Нови 427.000 луѓе во светот се заразени за едно деноноќие
