(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСУДАТА ЗА КАРАЏИЌ: Мајките се судрија со полицијата
Објавено во: Балкан 20 Март, 2019
Час пред изрекување на второстепената пресуда на хашкиот осуденик Радован Караџиќ дошло до инцидент кога на заштитната ограда семејствата на настраданите и претставници на бошњачките здруженија поставиле транспарент на кој првиот претседател на РС се споредува со Хитлер.
„Радован Караџиќ - геноцид, Адолф Хитлер - холокауст“ - пишува на транспарентот поставен на заштитната ограда пред зградата на трибуналот , па интервенирала полицијата барајќи негово отстранување.
РТРС од Хаг јавува дека претставници на Здружението на Мајките од Сребреница одбиваат да го направат тоа.