(ВИДЕО) Италијанско село бара жители за период од три месеци
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019
Компанијата “AirBnb” заедно со италијанското село Гротоле на неколку среќни кандидати им нуди шанса да волонтираат и потполно да се прилагодат на италијанската култура и начинот на живот.
Четворица кандидати ќе живеат во Гротоле, кое се наоѓа во јужна Италија на околу 220 километри од градот Неапол. Во селото живеат само 300 жители, а новите жители ќе соработуваат со организацијата “Wonder Grottole” за да внесат нова енергија во заедницата, да го научат јазикот, да готват и да им помагаат на мештаните. Но, има и критериуми кои кандидатите мора да ги исполнуваат.
Можете да се пријавите на следниот линк.
фото AirBnb