(ВИДЕО) ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ЈА „ЗАПАЛИЈА“ ОВАА ЗЕМЈА: Прогласена е вонредна состојба
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2019
Насилни протести имаше во Боливија поради сомнеж за изборни нерегуларности, по што е прогласена вонредна состојба.
Во земјата се уапсени 27 луѓе за вандализам што доведе до уништување на јавна и приватна сопственост и ги доведе до опасност животите на луѓето.
Протести имало во Ла Паз, и во офицајлниот главен град Сукре, како и во градовите Оруро, Санта Круз, Кочабамба и Потоси.
Претседателот Ево Моралес вели дека масовните протести и повикот на генерален штрајк поради сомневање дека левичарскиот претседател ги наместил изборите, претставуваат обид за државен удар.
„Во тек е државен удар, десницата со меѓународна помош подготвува државен удар“, рече на прес-конференција 59-годишниот Ево Моралес, алудирајќи на демонстрантите кои не дозволуваат пребројување на гласачките ливчиња и ги потпалуваат државните згради.
Претседателските избори во Боливија се одржаа на 20-ти октомври. Сомнежите се појавија кога поради протести изборната комисија ја прекина обработка на изборниот материјал. Моралес беше во водство со 45,3 отсто пред главниот противкандидат Карлос Меса со 38,2 отсто. Подоцна пребројувањето беше продолжено и објавено дека по обработените 97 од гласовите во водство е актуелниот претседател со 46,03 отсто од гласовите, наспроти 37,35 отсто за Меса.
По објавувањето резултатите, протестите „зовреа“ ширум Боливија, се случија судири меѓу приврзаниците и противниците на Моралес. Полицијата употреби солзавец, а некои од демонстрантите фрлаа камења.