(ВИДЕО) ИЗМЕРЕНИ 51 СТЕПЕН: Топлотен бран уби 36 луѓе
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2019
Најмалку 36 мртви има во топлотниот бран во Индија.
Повеќето од нив се сиромашни работници, објави денеска државната служба за временски непогоди.
Во главниот град, Њу Делхи измерена е температура од 48 Целзиусови степени, што е највисоката измерена во овој град во историјата, додека во Чуруа, во северозападната држава Раџастан, температурата била 51-от степен.
„Станува збор за најлошиот топлотен бран во историјата. Во текот на 2015 година беше забележан во девет држави, а сега се проценува дека опфатува 23 сојузни држави. Потврдивме 36 смртни случаи, од кои најмногу меѓу сиромашните работници кои додаѓаат од руралните области во градвоите во потрага по работа и подобар живот“, рекол за Reuters Ануп Кумар Шривастава, стричњак за супши и топлински удари вио државната служќбна за непогоди NDMA.
Индија во летата се соочува со суша, но годинава ситуацијата е особено загржувачка во западните и јужните држави во кои во 2018 година немаше многу врнежи за време на сезоната на монсунските дождови.