(ВИДЕО) Ја пееше милитантната песна „Славна Македонија“, Ципрас го избрка
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2018
За време на говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во сала во Солун, еден човек застана и ја пееше милитантната песна "Славна Македонија" но Сириза истата ја смета за шовинистичка и приврзаниците на владеачката партија го отстранија лицето.без да настанат поголеми инциденти. Ципрас искоментира дека демократскиот капацитет на неговата партија дозволува присуство и на граѓани со кои идеолошки не се поврзани.
Ципрас беше дочекан со песната Бела Чао. Тој на почетокот на својот говор нагласи дека Солун е демократски град и рече дека хармоничниот соживот на Солун е составен од различни култури и традиции, тешка историја и големи демократски борби.
"Нема да дозволиме тоа да стане град на екстремна десница и омраза, бидејќи Солун, Македонија и Грција тоа не го посакуваат", истакна тој.