(ВИДЕО) Кај соседите имало повеќе од 15.000 удари на гром за два дена
Објавено во: Балкан 05 Март, 2019
Во Грција се регистрирани над 15.000 удари на гром.
На грчкиот остров Крит цели 41 час без престан врнел дожд, а имало и 15.500 удари на гром.
Од 24 до 26 февруари го погодија силни врнежи, кои доведоа до катастрофални поплави.На источните делови на Белата Планина (Лефка Ори), со површина од околу 140 квадратни километри, наврнале повеќе од 80 милиони кубни метри вода, не сметајќи го количеството што паднало на многу поголем дел од префектурата Ханија.
Во поплавите еден човек се удави.