(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Објавено во: Балкан 07 Декември, 2025 11:15
На социјалните мрежи се појави видео, како изгледаат блокадите на грчките земјоделци.
„Вака изгледа кога грчките земјоделци штрајкуваат и ја блокираат целата земја. Тие се незадоволни од зголемените трошоци за производство, ниските откупни цени на нивните производи и доцнењата во исплатата на субвенциите од страна на државата. Ги блокираа сите главни патишта во земјата, како и царинските пунктови, главните раскрсници во големите градови. Меѓу другите, блокирани се и автопатот кон Атина и Егнација Одос кон Комотини“, пишува Никана.гр.
Но, ова не е единствениот штрајк го Грција - во Солун денеска протестираат и таксистите.
„Солун денес е без такси, бидејќи таксистите учествуваат во 48-часовниот штрајк на Федерацијата на таксисти низ цела Грција. Таксистите ги тргнаа своите возила во редици низ централните улици на Солун во придружба на полиција. Станува збор за предупредувачки штрајк и можно е да ескалира. Таксистите бараат продолжување на рокот за задолжително користење на електрични такси возила до 2035 година, промена во третманот на нелојалната конкуренција (Убер и сл.), промена на минималната цена низ целата земја... Но, ова не е крај на штрајковите во Грција. Зелените пазари исто така ќе бидат затворени утре поради штрајкот на производителите и продавачите. Тие се спротивставуваат на новиот сет владини одлуки за користење на електронски метод за набавка на стоки и со тоа на нов метод на оданочување“, наведува Никана.гр.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни





