Видео: Како се споредуваат армиите на Албанија и Србија?
Објавено во: Балкан 13 Март, 2018
Воен конфликт на Балканот никој не посакува ниту пак менување на границите. Затоа каналот Daily Media на YouTube направи едукативно видео за споредба меѓу армиите на Албанија и Србија, како две сили на Балканот кои сега имаат пријателски односи, а историски речиси никогаш не биле во отворен конфликт.
Во видеото е направена анализа на бројот на активна војска, на резервисти, на бројот на граѓани кои влегуваат во границата на борбена подготвеност и потенцијалните човечки ресурси за мобилизација.
Исто така интересно е да се види и споредбата на бројот на оружја, нивниот вид и досег, како и разновидност. Од Daily Media посочуваат дека немаат никаква намера да предизвикаат омраза или пак конфликт.