ВИДЕО: Како славеа граѓаните за пропаста на договорот за Брегзит, Меј во аут
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019
Извици, скандирања, наздравување од граѓаните кои беа собрани над Плоштадот пред британскиот Парламент откако стана јасно дека внатре беше одбиен договорот за излез од Европската Унија на Велика Британија. Катастрофалниот исход за Тереза Меј значи впрочем 432 гласа против договорот за Брегзит на 202 кои гласаа за. Граѓаните кој практично цел ден беа на Плоштадот и кој главно се ЕУ поддржувачи навистина среќно го испратија овој резултат.
По гласањето, Џереми Корбин, лидерот на Лабуристите рече дека ќе се гласа доверба на Владата најверојатно денеска.