23 Јануари, 2020
0.0163

(ВИДЕО) КАМЕРИТЕ ГО „УЛОВИЈА“: Човек плива во поплавената Венеција

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2019

Маж плива на плоштадот Свети Марко во Венеција. Ова се гледа од видео снимките на камерите кои го „уловија“. 

По обилните дождови се создаде еден вид базен со вода на плоштадот и веќе е „до колена“.


Нивото на водата повторно расте, три дена по највисокото забележано ниво на поплави во последните 50 години. Поплавени се цркви, продавници, домови.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера прогласи вонредна состојба во градот, откако нивото на водата достигна 1,87 метри.

Конте на Твитер напиша дека италијанскиот кабинет одобри 20 милиони евра за помош на градот да се опорави од поплавите.

Воздушните снимки покажуваат за какви поплави станува збор.

Регионалниот совет на италијанската област Венето, која ги опфаќа Венеција, Верона и околината, во вторникот беше поплавен првпат во историјата, и тоа баш откако ова тело ги одби предложените мерки за борба против климатските промени.

Поплавена Венеција се подготвува за уште еден голем бран денеска. Градот е загрозен, не само како туристичка дестинација, туку и за околу 50-те илјади луѓе кои живеат во Венеција.

Можеби ќе ве интересира

Термални монитори низ градот за заштита од коронавирусот - кинескиот град Вухан во изолација

Термални монитори низ градот за заштита од коронавирусот - кинескиот град Вухан во изолација

НОВА ЗАКАНА: Луѓето во Австралија мора да внимаваат

НОВА ЗАКАНА: Луѓето во Австралија мора да внимаваат

(ВИДЕО) ОГРОМНИ БРАНОВИ: Осум жртви во поплавите во Шпанија

(ВИДЕО) ОГРОМНИ БРАНОВИ: Осум жртви во поплавите во Шпанија

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕРУСАЛИМ: Макрон избрка израелски полицајци

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕРУСАЛИМ: Макрон избрка израелски полицајци

(ФОТО+ВИДЕО) Вакво снежно невреме немало 50 години

(ФОТО+ВИДЕО) Вакво снежно невреме немало 50 години

Принцот од Саудиска Арабија го хакирал телефонот на Џеф Безос

Принцот од Саудиска Арабија го хакирал телефонот на Џеф Безос

Корона вирусот ги „залула“ берзите: Акциите во скок по големиот пад

Корона вирусот ги „залула“ берзите: Акциите во скок по големиот пад

ТРАМП СО НОВА ЗАКАНА ЗА ЕВРОПА: „Ако нема договор, ќе има царини на автомобилите“

ТРАМП СО НОВА ЗАКАНА ЗА ЕВРОПА: „Ако нема договор, ќе има царини на автомобилите“

Седум клучни работи кои треба да ги знаете за мистериозниот коронавирус поради кој светот е на готовс

Седум клучни работи кои треба да ги знаете за мистериозниот коронавирус поради кој светот е на готовс