КАТАЛОНЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ВО БРИСЕЛ: Разбуди се, Европа
Објавено во: Свет 07 Декември, 2017
Скоро 50.000 Каталонци денеска се собраа во Брисел, за да организираат марш за поддршка на разрешениот од должноста Карлес Пуџдемон и да ја повикаат ЕУ да ги поддржи нивните аспирации за независност од Шпанија.
Со скандирања „Разбуди се, Европа!“ и издигнување на каталонското знаме, демонстрантите се собраа во близина на седиштето на ЕУ во Брисел
„Не можеме да го оставиме лидерот, кој е во егзил тука. Ние сме тука за да ја продолжиме борбата за нашата независност и да побараме слобода на нашите политички затвореници“- вели еден од учесниците.
Недалеку од местото каде што се одржаа демонстрациите се наоѓа канцеларијата на заменик-претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, кој рекол дека атмосферата таму е многу позитивна.
Тој истакна дека од гледна точка на Европската комисија нема да има промени во Каталонија.