(ВИДЕО) КИНЕСКО ГРАДЕЖНО ЧУДО: Отворен најдолгиот мост преку море на светот
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2018
Кинескиот претседател Си Џипинг и официјално го отворил најголемиот мост преку море на светот, проект кој ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина.
Мостот е долг 55 километри, и ќе биде пуштен утре.
Изградбата чинела 20 милијарди долари.
Мостот ќе поврзе дури 11 градови, на подрачје на кое живеат 68 милиони луѓе. Ќе го скрати патот помеѓу два града со три часа на 30 минути. Мостот е изграден така да може да издржи земјотрес од магнитуда 8 степени по Рихтер, а во него се потрошени 400, 000 тона челик.
Изградбата почнала во 2009 а ја обележале пробиени рокови и буџет и обвиненија за корупција но и убиства на работници.
Властите очекуваат дека ова градежно чудо ќе ја поттикне трговијата благодарение на приближувањето на двата брега.