(ВИДЕО) Кој е терористот кој изврши напад во Париз?
Објавено во: Свет 14 Мај, 2018
Француската полиција го уби напаѓачот Хамзат Азимов кој претходно со нож уби еден, а повреди четири луѓе во центарот на Париз. Се работи за 21 годишен човек од Чеченија со француско државјанство. Мотивот за нападот засега не е познат. Одоговорноста за нападот ја презеде ИД.
„Според изјавите на сведоците, напаѓачот извикувал Алах акбар додека со нож ги бодел луѓето. Истрагата ја води антитерористичката единица“- изјави Франсоа Молин, јавен обвинител на Париз.
Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер по нападот напиша – Франција повторно плаќа со крв, но нема да им ја дадеме на непријателите слободата. Луѓето кои биле во близина сведочеа за нападот.